Состојбата со ширењето на африканската свинска чума е катастрофална, свињарскиот сектор е загрозен, а под знак прашалник е безбедноста на храната на граѓаните, а директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски и министерот Љупчо збор не изустиле кои мерки ќе ги преземаат и како ќе се справат со настанатата ситуацијата, се вели во Фејсбук статусот на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Затоа барам неотповиклива оставка ВЕДНАШ! Прво оставка од Бабовски и Николовски, а потоа одговорност! Доста е од негрижа. Доста е од неспособност и неодговорност. Време е за промени! Истакна Трупуновски.