Вечерва во општина Радовиш се одржа четвртата трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро”, објави на Фејсбук министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Дискутиравме за актуелната состојба и детално ја појаснивме Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година.

Во наредниот период ќе продолжиме со посетите по општините, за да ги сослушаме полјоделците, овоштарите, сточарите, тутунарите. Заедно да ја постигнеме заедничката цел, да се зголеми домашното производство.

Само преку партнерски однос можеме да креираме политики што ќе донесат резултати во земјоделството, пишува на Фејсбук Трипуновски.