Денеска ги посетив жителите од населените места Опила и Псача во општина Ранковце, во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, објави на социјалната мрежа на Фејсбук министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

На средбите со сточарите, полјоделците и овоштарите разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат, но и за можностите за развој и унапредување на домашното производство.

Гласот на земјоделците го слушаме, заедно да работиме за стабилен и конкурентен земјоделски сектор, пишува Трипуновски во својата објава.