Денеска извршив увид на активностите за ревитализација на езерото „Младост“, кое се чисти за првпат по 60-тина години, напиша на Фејсбук министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Согласно планираните активности, во тек е фаза на механичко отстранување на сувите наслаги и трската од крајбрежниот појас на езерото „Младост“, во соработка помеѓу АД „Водостопанство“ и ЈПВ „Лисиче“ – Велес, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За реализација на активностите, обезбедена е вкупна финансиска поддршка од 6.000.000 денари од Програмата за водостопанство. Работиме на ревитализација на езерото „Младост“, со цел подобрување на квалитетот на водата и дополнување на акумулацијата со свежа вода, истакна Трипуновски.
