Конкретни бројки за раст на производството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во емисијата „Наткаст“ истакна дека согласно кварталните извештаи за 2025 година, се забележува раст во откупот и продажбата на земјоделското производство.

„Денес можеме да се пофалиме со конкретни бројки, согласно кварталните извештаи за 2025 година се бележи раст во откупот и продажбата на земјоделското производство.“

Трипуновски нагласи дека извештаите покажуваат извозно ориентираност и зголемување на продажбата во сегментот на примарни земјоделски производи и преработки.

„Согласно извештаите за примарните земјоделски производи и преработките, ќе видите дека сме извозно ориентирани и бележиме зголемување токму во овој сегмент.“

Намалена увозна зависност и кампања „Македонско најдобро“

Министерот потенцира дека државата повеќе не е увозно зависна од свежа храна и дека кампањата „Македонско најдобро“ ќе продолжи и во наредниот период. Целта на кампањата е да се подигне свеста кај домашните потрошувачи за значењето на купување домашни производи.

„Сакам да ја споменам и кампањата „Македонско најдобро“, која ќе продолжи и во наредниот период, а со која ја подигаме свеста кај домашните потрошувачи за значењето на купување домашни производи.“

Рекордно високи цени и откуп на тутун

Во делот на тутунопроизводството, министерот нагласи дека е забележан сериозен раст и рекордно висока откупна цена.

„Оваа година просечната откупна цена изнесува 419 денари за килограм, додека лани изнесуваше 400 денари. За разлика од претходниот период, кога цената се движеше меѓу 160, 214 и 250 денари, денешната цена е речиси двојно повисока. Дополнително, интервентно ги зголемивме субвенциите за прва категорија тутун од 80 на 100 денари со цел да го стабилизираме секторот.“

Како резултат на овие мерки, годинава се откупени 26 милиони килограми тутун, додека во 2024 година биле откупени околу 15 милиони килограми.