Фотографијата е доказ за неспособноста и негрижата на министерот Љупчо Николовски и директорот Николче Бабовски, напиша на Фејсбук, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено, додека Николовски е на службено патување на државна сметка, додека чекаме координативното тело да излезе во јавноста и ги презентира мерките за брзо ограничување на болеста африканска чума кај свињите, одгледувачите на свињи се снаоѓаат како знаат и умеат. Луѓе, дајте посериозен пристап, болеста не чека, носи смрт во фармите, под знак прашалник е свињарскиот сектор и животната егзистенција на луѓето одгледувачи на свињи. Кога веќе не прифаќате помош и сугестија од моја страна, еве излезете и кажете ги вашите мерки. Ситуацијата е алармантна. Непрофесионалноста и импровизацијата како што претходно напоменав се начин на работа на најповиканите и сето тоа демонстрирано во една слика. Не се почитуваат основните биосигурносни протоколи и мерки, користејќи несоодветни возила, недоволно обезбедени и наместо да ја ограничат болеста, тие ја шират на останатите одгледувалишта, истакна Трипуновски.

Прашањето кое треба да се одговори е дали надлежните со овој пристап се со намера да ја ограничат болеста или ќе гледаат кон небо со надеж дека работата сама ќе се заврши? Праша Трипуновски.