Цветан Трипуновски преку статус на Фејсбук апелира до заспаниот министер во најбрз можен рок да ги повика откупувачите да седнат на маса и да договорат нови цени на класите на тутун кои ќе бидат одраз на реално зголемените производни цени и огромната инфлација која што ја има во Македонија.
-Следејќи ја состојбата пред почетокот на откуп на тутунот и молкот од сите релевантни страни а плашејќи се дека тоа ќе оди на дирекна штета на тутунарите и државата, упатувам апел до заспаниот министер во најбрз можен рок да ги повика откупувачите да седнат на маса и да договорат нови цени на класите на тутун кои ќе бидат одраз на реално зголемените производни цени и огромната инфлација која што ја има во Македонија бидејќи во спротивно ќе се соочиме со изумирање на оваа извозно ориентирана гранка и покрај тутунарите губитник ќе биде и државата, стои во неговиот пост на Фејсбук.