Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека денеска централната комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ организираше уште една трибина, овој пат во Свети Николе.
„Денеска централната комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ организира уште една трибина, овој пат во Свети Николе.
ВМРО-ДПМНЕ има план и визија како во наредниот период да излеземе од оваа тешка ситуација и она што ќе значи заджување на земјоделците во Република Македонија.
Изминативе години имаше многу проблеми во овој регион, во делот на распределбата на земјоделското земјиште, неисплатени субвенции од изминатите години и проблеми со водостопанството“, стои во неговиот пост на Фејсбук.