Втора недела по ред СДС со паушални прес конференции се обидува да ја замајува јавноста. Втора недела по ред од СДС држат прес конференции за исплата на субвенциите за млеко, тоа е поради недостиг на проекти, реформи и реално решавање на проблемите на земјоделците. Но, фактите го говорат спротивното. Имено, во рок од 6 години во државата имаме 100.000 крави помалку, увозот на млеко и млечни производи е зголемене за над 100%, а субвенциите со кои се фалат за литар млеко што сега ги дадоа доцнат цели 18 месеци, стои во Фејсбук статусот на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека сето ова е поради погрешните политики на Љупчо Николовски Путерот и владата.

– Дополнително, млекото се откупува за 20 денари а се продава за 85 денари, што значи дека некој свесно го јаде трудот на млекопроизводителите. СДС и Николовски не водат грижа за земјоделците, и ова повторување на истите прес конференции од минатата недела само покажува колку се забегани. СДС единствено води грижа за криминалот и корупцијата и токму поради тоа бегаат од предвремени парламентарни избори. Земјоделците буквално едвај преживуваат и токму затоа мора да има промени, додава Трипуновски во неговата објава.