Додека над 600 вработени во АД Водостопанство се оставени без плата и здравствено осигурување, а сметката на истото е блокирана од УЈП поради долг од 58 милиони денар, директорот Локман Лимани испраќа 12 вработени на четири дневна екскурзија во Грција, вели Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ.
„Институциите не функционираат, земјоделците се целосно заборавени, нивите се оставени без систем за наводнување, директорот наместо да почне да ги решава проблемите, испраќа учесници на екскурзија во соседна Грција.
За срамот да биде поголем, Управата за јавни приходи на терен ги прибира податоците од возилата и багерите во сопственост на претпријатието, се со цел преку заплена на истите, а потоа и нивна продажба да го наплати неисплатениот данок на АД Водостопанство.
Само за информација, во септември месец, МЗШВ додели финансиска помош од 200 милиони денари за исплата на 3 задоцнети плата на вработените. Ова претпријатие е загубар, а вработените го трпат неработењето и неспособноста на владеењето на Лимани и Николовски“, истакна Трипуновски.
Тој бара на следната седница на влада итно разрешување на директорот Лимани и министерот Николовски кои, според него, се најодговорни за ваквото недомаќинско работење.