Трипуновски со жесток одговор до Николовски

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку објава на „Фејсбук“ остро го критикуваше поранешниот министер Љупчо Николовски. Тој истакна дека Николовски не можел да ја разбере неговата изјава дадена во централниот дневник на ТВ Сител и дека, како што вели, „умот го користи исклучиво за криминал и ширење страв и паника кај земјоделците“.

„Кариерата му е завршена“

Трипуновски додаде дека политичката кариера на Николовски е завршена и дека со манипулации се обидува да остане присутен во јавноста. „Со лаги и дезинформации не се владее“, порача министерот, додавајќи дека граѓаните веќе испратиле јасна порака на локалните избори.

„Сега има закон и ред“

Во продолжение, Трипуновски потсети дека Владата останува посветена на транспарентно и отчетно работење, како и на борбата против криминалот и корупцијата. На крај му порача на Николовски: „Љупчо, ти текнува кога како антикорупционер броеше чаши со вода? Сега се апси – нема повеќе наш и ваш. Секој што се огрешил пред законот ќе одговара“.