Како што информира собраниската прес-служба, пред Комисијата ќе се претстават Ненад Колев, кој е именуван за амбасадор во Руската Федерација, Освит Росоклија во Република Австрија и Весел Мемеди во Република Италија.

На седницата на Комисијата завчера, своите тези ги претстави Слободан Узунов, новоименуваниот амбасадор за Индија.

Претставувањето на платформите пред матичната собрансика комисија е последна фаза пред заминувањето на амбасадорите на нивната дипломатска функција.