Тројца арачиновци присвоиле клучен извод за струја и оставиле 160 соседи без електрична енергија. Веќе шести ден по ред не може да се поправи дефект на извод на дистрибутивната мрежа на ЕВН, а од компанијата велат дека ги користат сите правни мерки со цел успешно решавање на ситуацијата.
Додаваат и дека се обратиле и до МВР и очекуваат наскоро да го санираат дефектот, велат од ЕВН за Телма.
Според жителите на селото, дефектот го предизвикале познати лица кои во селото прават што сакаат. И претходно биле познати по разни злоупотреби и кражби на електрична енергија.