СВР Тетово соопшти дека Полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар вчера (20 февруари) од 10 часот и 20 минути до 17 часот и 50 минути, со судски наредби, на улиците „Никола Парапунов“ и „Илинденска“ во Гостивар и во гостиварски Балиндол, ги привеле гостиварците Б.С.(43), Е.Љ.(27) и Б.Ј.(25) од Балиндол за издржување на затворски казни.

Набргу потоа, тројцата биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово.