Оливер Лукаровски, Зарко Милошевски и Зоран Ангеловски се имињата кои се во трка за шеф на Агенцијата за национална безбедност, на местото на Виктор Димовски, кој треба да замине за амбасадор во Париз дознава неофицијално ТВ 24.

Лукаровски, кој доаѓа од МВР и е шеф на одделот за крим-полиција, а според неофицјалните информации од висок валдин функционер, ја има и поддршката на минситерот за внатрешни работи Оливер Спаосвски и има најголеми шанси за директорското столче.

Милошевски пак, доаѓа од редовите на АНБ – Началник е на одделот за безбедносни проверки и проценки, како и проверки во НАТО сојузниците – одделот кој без проверка во НАТО членките даде зелено светло за Онишченко да добие македонско државјанство, а неговиот потпис според информациите на ТВ24, е ставен на документот со кој се гарантира дека е направена проценка за ризик и украинскиот олигарх не претставува ризик по националната безбедност.

Ангеловски пак, во моментов е директор на оперативно-техничката агенција, која се формираше во 2018 година со цел да се оневозможи каква било злоупотреба на мерката следење на електронските комуникации на граѓаните од страна на овластените органи за следење на комуникациите или операторите.