А.А. (26), А.О. (41) и Ж.Д. (47) се приведени откако полицијата во Никшиќ открила дека украле паричник со 1.500 евра во трговски објект во Богетиќи. По кражбата тројцата со „ауди“ избегале, јавува Вијести.
Во соопштението на никшичката полиција се наведува дека кај местото Папрати полицајци запреле „ауди“ со тројца државјани на Македонија кои биле донесени во службените простории на полицијата. Полицијата открила дека А.А. го украл паричникот, додека А.О. и Ж.Д. примиле и задржале дел од парите.
„А.А. е осомничен за кривично дело кражба, додека А.О. и Ж.Д. се товарат за кривично дело прикривање и сите тројца се приведени“, се наведува во соопштението и се додава дека најголем дел од украдените пари се пронајдени и вратени, а возилото со кое е извршено кривичното дело е одземено.