На 02.03.2023 во 09.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Р 1401, на место викано „Валандовско брдо“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.А.(46) од село Николиќ, дојранско, патничко возило „тојота“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.К.(76) од Струмица, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Д.П.Ѓ.(45) од Гевгелија и уште едно товарно возило, кое го напуштило местото.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „тојота“, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот во возилото „фолксваген голф“, констатирани во Здравствен дом во Валандово, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.