Три лица се уапсени, меѓу кои имало и грчки државјанин, поради инцидентот на сплавот „Фристајлер“ на новогодишната ноќ кога тој објект почнал да тоне, дозна српски Курир.
Тие се осомничени за сторено кривично дело „тешко кривично дело против општата безбедност“.
Да потсетиме, само неколку минути по полноќ на 1 јануари „Фристајлерот“ почна да тоне. Настанала општа паника и метеж, а гостите и персоналот на сплавот успеале да побегнат.
„Фристајлер“ е пријавен за 220 луѓе, а на новогодишната ноќ, според неофицијални информации, имало најмалку 400 луѓе, се претпоставува дека на сплавот биле 500, а можеби и 600 луѓе.
Само од чиста среќа немаше жртви.