Три лица загинаа, а 12 се повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска во 01:40 часот на автопатот Карловац – Ријека, помеѓу тунелот Свети Марко и клучката Новиград на Добра во Хрватска, соопшти хрватската полиција.
Според првичните информации, во несреќата учествувало СУВ возило Митсубиши, кое најверојатно превезувало мигранти и Алфа Ромео во кое биле брачен пар и дете. Во возилото СУВ со седум седишта биле возачот и 11 патници. Меѓу загинатите се возачот на Митсубишито и брачната двојка од Алфата.
Шестмина од поврдените се згрижени во општата болница во Карловац, три во КБЦ Ријека, две во Болницата во Огулин и еден во КБЦ Загреб, пренесува Индекс.хр.