Апостолски, Бошкова и Георгиевски во следната фаза на изборот
Владата денеска ги потврди тројцата кандидати што ќе продолжат во натамошната постапка за избор на судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права и слободи во Стразбур. На денешната 141. седница беше усвоена Информацијата за номинираните кандидати, а процесот ќе продолжи со добивање мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти при Советот на Европа.
Кандидатите се познатиот скопски адвокат Јордан Апостолски, со големо меѓународно искуство, деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Сашо Георгиевски и кавадаречката адвокатка Наташа Бошкова. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе обезбеди административни и технички активности во постапката, по што Комисијата за избор ќе ја достави листата до Владата, а потоа и до Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Историја на македонските судии во Стразбур
Досега, од Македонија во Европскиот суд за човекови права и слободи делувале Маргарита Цаца Николовска (1998-2008), Мирјана Лазарова Трајковска (2008-2017) и Јован Илиевски (2017-2026).
