Известувања доставени до Собранието
До Собранието се доставени известувања за престанок на мандатите на Јане Мицевски, Бети Стаменковска Трајкоска и Дејан Проданоски од функцијата пратеник. Известувањата следуваат по изборот на тројцата на Локалните избори, одржани на 19 октомври и 2 ноември. Мицевски е избран за градоначалник на општина Сопиште, Стаменковска Трајкоска за Кисела Вода, а Проданоски за Прилеп.
Констатација на престанокот на мандатите
Се очекува на денешната седница на Собранието, прва по вчерашниот втор круг од локалните избори, да биде констатиран престанок на нивните пратенички мандати. На седницата, пред пратениците ќе се обрати и претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос.
На местата на Стаменковска Трајковска и Мицевски пратеници треба да станат следните кандидати од листата во Изборната единица 1, додека на местото на Продановски од Изборната единица 4.
