Тропската бура Џулија прерасна во ураган, соопшти Националниот центар за урагани на САД.
Невремето е со ветрови со брзина од 120 километри на час. Неколку земји од Централна Америка беа ставени во состојба на готовност поради нејзиното приближување. Меѓу нив се Никарагва, Колумбија и Гватемала. Бурата може да ги зафати и Хондурас и Ел Салвадор.
Сега минува во близина на колумбиските острови Сан Адрес и Провиденсија и се очекува да ја погоди Никарагва.