Годишната потрошувачка на електрична енергија на ChatGPT изнесува околу 17,23 терават-часови (TWh), што е повеќе од вкупната потрошувачка на електрична енергија на Словенија, покажува ново истражување.

Според анализата спроведена од Универзитетот во Род Ајленд, „ChatGPT“ троши околу 0,189 киловат-часови електрична енергија по едно барање. Годишната потрошувачка е пресметана врз основа на податокот дека 810 милиони активни корисници поставуваат просечно по 22 прашања неделно, објавува словенечкиот весник „Delo“.

Истражувањето покажува дека алатката дневно обработува повеќе од 2,5 милијарди барања, при што се трошат околу 47,2 мегават-часови (MWh) електрична енергија.

Според пресметките, ова количество електрична енергија е доволно за полнење на околу 238 милиони електрични возила со батерии со капацитет од 72,4 киловат-часови (kWh).

За споредба, просечното домаќинство во Соединетите Американски Држави или во земјите од Западна Европа троши околу 29 киловат-часови електрична енергија дневно.

Алан Голдберг, претставник на компанијата „Best brokers“, наведува дека иако енергетската ефикасност на ваквите системи се подобрува, зголемувањето на бројот на корисници и растот на потрошувачката поради сè посложените модели на вештачка интелигенција ги поништуваат постигнатите заштеди.

„Без технолошки иновации, трошоците за користење на вештачка интелигенција би можеле да се зголемат уште повеќе“, забележува Голдберг.

Годишната потрошувачка на електрична енергија на ChatGPT