Крај на тест-периодот, почнуваат автоматските казни

Од утре автоматскиот систем за надзор во сообраќајот „Сејф сити“ стапува во полна функција, со што завршува периодот на предупредувања и тестирање. Сообраќајните прекршоци ќе се евидентираат и санкционираат автоматски, без можност за толеранција или „гледање низ прсти“, информираат надлежните институции.

Камерите регистрираат најопасни прекршоци

Системот ќе ги регистрира најчестите и најопасни сообраќајни прекршоци, меѓу кои пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло, управување нерегистрирано возило, како и неправилно запирање и паркирање. Камерите се поставени на клучни локации низ Скопје и другите градови, а казните ќе се изрекуваат без директна полициска интервенција.

(ФОТО) МВР ГИ ОБЈАВИ ЦЕНИТЕ ЗА КАЗНИ ОД „СЕЈФ СИТИ“: Ако се плати во првите 8 дена се плаќа 50% од глобата

Целта е безбедност, не казнување – Од утре започнува „Сејф Сити“

Власта предводена од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочува дека главната цел на проектот е намалување на сообраќајните незгоди и човечките жртви. Казните ќе се доставуваат по електронски и по поштенски пат, при што од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да ги ажурираат своите податоци. Законот предвидува и можност за намалување на казната при навремено плаќање, а од утре камерите ќе бидат постојано активни и секој прекршок ќе има последици.