Граѓаните многу добро се сеќаваат каква беше реалноста за време на СДС кога несигурноста беше секојдневие. Случувањата на Блискиот Исток ја прават состојбата на енергетските пазари динамична, со цени кои варираат од час во час, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Владата неуморно работи да обезбеди енергетска стабилност. Целта е Македонија да има енергенси по најевтини цени во регионот, дури и покрај глобалните притисоци кои укажуваат на можни поскапувања. На пример, во соседните држави цените се повисоки за 40, 50, па дури и 60 проценти потенцираат од владејачката партија.
„Затоа Владата одржа средба со претставници на нафтената индустрија, со цел да се координираат мерки и да се преземат сите можни чекори.
Опозицијата пак, од друга страна, се служи со празни флоскули и се занимава со се освен со тоа што треба, но не е неочекувано затоа што од нивната пракса досега се гледа дека не им е јасно, ниту пак покажале дека знаат да се справат со криза“, се наведува во денешното соопштение.
Пример лидерот на СДС, Венко Филипче, покажа и докажа дека не му е баш гајле за граѓаните, кога се обидуваше да профитира со вакцините против ковид и се обиде да врши набавка на истите преку компанија за јужно овошје по три пати поскапа цена, кога ги примора граѓаните да одат и да се вакцинираат во соседни земји, па правеше шоу на граница за 5.000 вакцини, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДС беа последни во регионот што обезбедија заштита на народот. Јасна е разликата, потенцираат во соопштението.
