Цената на златото достигна историски максимум, поттикната од зголемената глобална неизвесност, геополитичките тензии и очекувањата за пониски каматни стапки. Цената на златото достигна рекордни 4.620 долари за унца. Инвеститорите повторно го гледаат благородниот метал како „сигурно засолниште“, што ја зголемува побарувачката и го турка ценовниот рекорд нагоре.

Дополнителен притисок врз растот создаваат и ослабувањето на доларот, зголемените купувања од централните банки, како и интересот од индивидуалните инвеститори кои се заштитуваат од инфлација и пазарна волатилност. Аналитичарите оценуваат дека, доколку неизвесноста продолжи, златото може да остане на високи нивоа и во наредниот период.