Цените на природниот гас во Европа денес пораснаа за дури 35 проценти

 

Цените на природниот гас во Европа денес пораснаа за дури 35 проценти откако се интензивираа нападите врз енергетската инфраструктура во Заливот.

Цените на гасот во Европа пораснаа за повеќе од 60 проценти од почетокот на американско-израелската војна против Иран на 28 февруари, објави новинската агенција Ројтерс.

Неизвесноста за тоа како ескалацијата на војната на Блискиот Исток ќе влијае врз снабдувањето со енергија продолжи да расте откако утрово беа пријавени напади во Катар и Кувајт, еден ден откако беше погодено најголемото поле за природен гас во Иран.

Иранските ракети предизвикаа голема штета на гасен објект во Рас Лафан, додека кувајтските државни медиуми објавија напади врз две рафинерии за нафта во земјата.

Дополнително, денес цената на суровата нафта Брент, исто така, се искачи на 112 долари за барел.