Голем број цивилни жртви, властите во Техеран даваат пониски бројки
Најмалку 639 лица ги загубиле животите, а 1.329 се повредени во текот на израелските напади врз Иран, информираат активисти за човекови права со седиште во Вашингтон. Според нивните податоци, меѓу загинатите има 263 цивили и 154 припадници на воените сили.
Оваа група, позната по тоа што и во минатото споделуваше информации за време на протестите поради смртта на Махса Амини во 2022 година, користи метод на вкрстување на локални извештаи со сопствена мрежа на извори внатре во Иран.
Црните бројки растат од ден во ден.
Официјалниот Иран тврди – бројот е значително понизок
Иранските државни институции ретко објавуваат точни и редовни бројки на загинати и повредени, особено во услови на активен конфликт. Последните податоци кои беа официјално објавени од иранските власти, датираат од понеделник и наведуваат дека 224 лица се убиени, а 1.277 се ранети.
Но, што бара сега Нетанјаху?
(ВИДЕО) Нетанјаху го бара Вашингтон: Кое е амриканското „тајно оружје“ кое е потребно на Израел?
Разликата меѓу официјалните и неофицијалните бројки укажува на можен обид за прикривање на вистинските размери на штетата, велат меѓународни аналитичари. Во меѓувреме, меѓународната заедница продолжува да повикува на воздржаност и деескалација на насилството во регионот.