На територијата на Македонија до утрово се евидентирани 28 пожари на отворен простор. Од нив, три сè уште горат, четири се под контрола, додека 21 пожар е изгаснат, информираат од Центарот за управување со кризи.
Најголемите огнови се регистрирани во општина Македонски Брод, над село Бенче на планината Добра Вода, каде гори дабова шума и папрат. Во општините Чучер Сандево и Липково, во селата Малино, Танушевци и Лукаре, со пожар е зафатена мешана шума.
Дополнително, активен е и пожар во општина Прилеп, село Дабница и м.в. Три багреми, каде гори ниска вегетација и ѓубре.