Според ЦУК, активен еден пожар кај селото Стровија, а под контрола е пожарот на планината Готен

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до 10 часот утринава биле евидентирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од нив активен само еден пожар.

Од нив, осум пожари се целосно изгаснати, а еден е ставен под контрола.

Активен останува само еден, во близина на селото Стровија во општина Долнени, соопшти ЦУК.

Пожарот на планината Готен, од беровската страна, е ставен под контрола и таму се преземаат мерки за негово целосно ликвидирање.

Надлежните апелираат до граѓаните да се воздржат од палење отпад и сува трева, поради високите температури.