Центарот за управување со кризи информира дека по невремето ннема повредени лица и пријавени штети во државата
По врнежите од дожд и силните ветрови кои зафатија делови од државата, од ЦУК информираат дека нема повредени лица и пријавени штети.
До овој момент, не е пристигната ниту една пријава за материјална штета. Ниту има информации за лица кои се повредени како последица од невремето.
Директорот на ЦУК, Мухамед Али, заедно со вработените од Оперативниот сектор и Дежурната служба, ја следи состојбата на терен во реално време. Рече дека нема повредени лица и пријавени штети.
Сите служби на ЦУК се во состојба на засилена активност и подготвеност за итна реакција, доколку состојбата се влоши.
Центарот за управување со кризи останува во постојана координација со другите институции. Целта е навремена и ефективна институционална реакција, ако се појави потреба.
Оттаму апелираат до граѓаните да останат внимателни и да ги следат официјалните информации.