ЦУК соопшти дека и понатаму гори во „Јасен“, а во земјава се активни уште шест други пожари

До 18:00 часот, на територијата на државата биле регистрирани вкупно 20 пожари на отворен простор. Од нив, седум се активни, еден е ставен под контрола, а 12 се изгаснати. Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека и натаму гори во „Јасен“. Активен пожар има и во општина Студеничани. Во близина на селата Горно Количани и Драчевица, на планинскиот врв Китка.

Активни пожари има и во струшкото село Подгорци, кај прилепското село Беловодица на местото викано Ливада. Како и во селото Лењиште во општина Долнени. Огнот е активен и во близина на селата Стровија и Долгаец. Во општина Росоман кај село Дебреште, како и во општина Кичево, во селото Душегубица.

Под контрола е ставен пожарот во општина Старо Нагоричане, кај село Канарево, каде беше зафатена ниска вегетација.

Изгаснати пожари има во повеќе општини. Тие се регистрирани во Маврово – Ростуше, Боговиње, Ѓорче Петров кај селата Волково и Орман, Струга, Липково, Струмица, Долнени, Кратово, Кичево, Студеничани и Гази Баба, кај село Трубарево.