Премиерот Зоран Заев со денешната изјава ја компромитира истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово каде трагично згасна животот на 14 луѓе. Ова го тврди долгогодишниот судија и адвокат Владимир Туфегџиќ преку својот Фејсбук статус кој ви го пренесуваме во целост:

„Недозволиво е во правна држава заради политички цели и интереси, како прв политичар меѓу еднаквите, да искористиш ЕДЕН парцијален материјален доказ прибавен со обвинителска истрага, кој има целосна доказна сила кога ќе биде ценет поединечно и во една целина во корелација со други прибавени докази во истрагата.

На овој начин политиката директно влијае на понатамошниот тек на независната и непристрасна истражна постапка за трагедијата во модуларната болница и потполно ја компромитира понатамошната истрага, сведувајќи ја причината за трагедијата на 14 луѓе на петпарачки продолжен кабел.

Продолжниот кабел е само дел во мозаикот на истражните дејствија и докази, кои ценети во една доказна целина допрва треба да го дадат одговорот по однос на одговорноста“.