Министерот за правда Никола Тупанчески во изјава за А1он признал дека не ја платил картата за чартер лет и влезот во стадионот во Палермо.
Фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил откако цела јавност го виде на трибините, односно по четири дена од одржувањето на натпреварот.
Пред само неколку дена, министерот тврдеше дека билетот и авионската карта сам ги платил.
Не чувствувам потреба дека треба да поднесам оставка бидејќи не е прекршен етичкиот кодекс поради тоа што сум патувал и сум го следел фудбалскиот натпревар Македонија – Италија. Точно е дека летав со авионот на Фудбалската федерација, но авионскиот билет и влезницата за мечот во Палермо сам си го платив“ вели во ексклузивно интервју за Трилинг министерот за правда – Никола Тупанчевски.
„Антикорупциската комисија слободно нека го истражува случајот, а јас ќе ги приложам сите сметки и извршени трансакции таму каде што треба“, дециден беше министерот за правда.