На 02.05.2023 во 00:30 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, од слобода бил лишен Х.К.(51) од Република Турција.
При пасошка проверка и контрола, на увид приложил фалсификуван зелен картон за возилото кое го управувал.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.