Во полиција е пријавено силување кое се случило во Охрид.
Во СВР Охрид, вчера во 16.30 часот, 42-годишна жена од Германија, со престој во Охрид, пријавила дека на 21 и 22 месецов во Охрид, А.О.(46) од Република Турција, со престој во Кичево, извршил обљуба врз неа.
Полицијата работи на расчистување на случајот. Последниов месец имаше повеќе пријави за силување. Во полицискиот билтен стои дека скопјанец пријавил дека неговата малолетна ќерка била силувана.