Турското Министерство за одбрана соопшти дека турските сили извршиле воздушни напади врз курдските милитанти во северна Сирија уништувајќи шест цели таму, вклучувајќи засолништа и магацини, како и нафтена постројка, што ја користеле.
Во соопштението се вели дека многу милитанти биле неутрализирани во нападите, што е термин што Анкара најчесто го користи кога сака да укаже дека се убиени милитанти, пренесува „Ројтерс“.
Покрај тоа, турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, изјави дека турските безбедносни сили уапсиле 2.554 лица како дел од антитерористичката операција почната откако курдските милитанти активираа бомба во близина на владините згради во Анкара пред една недела.