Репрезентацијата на Турција играше против дебитантот на Европското првенство, Грузија и запиша победа од 2:1, но Грузијците одиграа еден одличен натпревар. До победата избраниците на Виченцо Монтела стигнаа со два еврогола.
Резултатот беше отворен по 25. минути игра со фантастичниот волеј на Мулдур. Веќе две минути подоцна грузискиот голман повторно мораше да ја вади топката од сопствената мрежа. Сепак, тој гол на фудбалерот на Јувентус Кенан Јилдиз беше поништен поради недозволена позиција.
Примениот гол не ја откажа Грузија која продолжи да игра добро и да напаѓа, па така веќе во 32. минута со голот на Микаутадѕе дојдо доа изедначување. Со резултатот 1:1 се замина и на паузата.
Mладата ѕвезда на Реал Мадрид, Арда Ѓулер во 65. минута се запиша во листата на стрелци со вистински еврогол. Грузија до крајот имаше уште неколку одлични прилики, посебно во завршницата, а кога не ги искористи/ точка на натпреварот стави Актуркоглу.