Турција воведе царина од 130 отсто за увоз на некои житарки, вклучително и пченица и пченка, објави Ројтерс, повикувајќи се на претседателска одлука објавена денеска во турскиот државен весник.
Обврската на Турција доаѓа откако неколку земји од ЕУ објавија забрана за увоз на жито од Украина минатата недела. Сепак, некои трговци посочија дека потегот на Турција има за цел да го заштити домашниот земјоделски сектор пред клучните избори на 14 мај. Според претходната регулатива, увозот на пченица, јачмен, ‘рж, овес, пченка и сорго беше без царина до 30 април.
Со денешната одлука, која ќе стапи на сила од 1 мај, се воведува царина од 130 отсто за увоз на житни култури. Жетвата на пченица и јачмен во Турција почнува во мај, потсетува Ројтерс, цитиран од БТА.
Турција ги намали царините за увоз на жито и други земјоделски производи по пандемијата кон крајот на 2020 година и ги суспендираше пред околу една година.