Мерката предвидува бесплатни тестови за странските туристи во посета на нашата земја, а на кои им е потребен ПЦР тест за влез во земјата каде се враќаат.

Со ова Владата сака да го поттикне туризмот во претстојната летна сезона со бесплатни ПЦР тестови за странските туристи. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи пред извесен период соопшти дека мерката предвидува опфат на околу 50 илјади туристи.

– Тоа ќе се направи во соработка со Институт за јавно здравје, Фондот за здравство и Министерство за здравство, затоа што сметаме дека само кредибилни и јавни институции можат да спроведат ПЦР-тестирање на ваков начин и во толку голем обем, како што имаме предвидено, рече вицепремиерот.