На 18.09.2023 во 03.50 часот на Граничниот премин Стар Дојран, полициски службеници го лишиле од слобода Е.И.(56) од Република Турција, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека датумот на важност на неговата патна исправа бил преправан со пенкало.
Според МВР, тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.