Озхан за турскиот дневен весник „Созчу“ рекол дека партијата се противи на присилните интервенции за справување со пандемијата и на мерките за кои тој вели дека го нарушуваат телесниот интегритет на луѓето.
„Ние сме против плановите за внесување хемиски течности наречени вакцини, кои имаат чипови и се наменети да ги поробат луѓето“, рече тој.
Тој додаде дека партијата, исто така, е против ПЦР тестови, маски и други мерки поврзани со пандемијата.
„Сакаме живот без ограничувања“, рече тој.
Истакна дека партијата нема други политички активности, освен главната цел.
„Нашата партија ќе работи со единствена цел, а тоа е да се бори против владините мерки против пандемијата и ќе се распушти откако ќе си ја исполни мисијата“, рече тој.
Турското антиваксерско движење е во пораст откако почна пандемијата и организираше неколку големи протести во Истанбул и во други поголеми турски градови, наречени „Големото будење“.
Неодамна организираше протест пред зградата на Светската здравствена организација во Истанбул.
Досега биле аплицирани повеќе од 117 милиони дози вакцини на населението во Турција. Вкупно 55,5 милиони луѓе примиле барем една доза, а 49 милиони имаат две дози.
Турција нема проблем со недостиг од вакцини и се очекува наскоро да почне да произведува своја вакцина, Турковак.
Сепак, стапката на вакцинација сѐ уште не го достигнала пожелното ниво според властите и дневните бројки на новозаразени и на смртни случаи од ковид-19 сѐ уште се високи.
„Луѓето вакцинирани со барем една доза претставуваат 67,5 проценти од вкупното население, а луѓето со две дози се 59 отсто. Втората бројка треба да ја подигнеме до 70 отсто за да постигнеме групен имунитет“, рече турскиот министер за здравство, Фаххретин Коча, на прес-конференција.
Минатиот четврток, Турција забележа речиси 30.000 новозаразени и 228 смртни случаи. Вкупната бројка заразени во моментов е 199.000.