Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека Турција ќе изгради 500.000 нови домови низ целата земја, со цел да ги задоволи социјалните потреби на граѓаните. Изјавата дојде по состанокот на кабинетот.

„Овој проект предвидува посебна квота за семејства со три деца, млади луѓе, роднини на загинатите при вршење на должноста, ветерани и пензионери“, – изјави Ердоган, цитиран од турските медиуми.

Целта е дел од овие домови да се издаваат под наем по пониски цени, додека друг дел ќе им овозможи олеснување на семејствата кои живеат во мали станови. Турскиот претседател најави дека деталите за проектот ќе бидат презентирани во наредните денови.