Фидан и Лавров разговараа по телефон
Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, денеска во телефонски разговор со рускиот колега Сергеј Лавров истакна дека Турција е подготвена да организира следна рунда преговори меѓу Русија и Украина.
Потенцирани ризици од продолжување на војната
Во соопштението од турското Министерство за надворешни работи се наведува дека Фидан го потенцирал ризикот што продолжувањето на војната го носи за регионот и за меѓународната безбедност.
Двајцата министри се осврнале и на темата за енергетската безбедност, како дел од пошироките дипломатски координации меѓу двете земји.
