Профилот на твитер на министерот на здравство на 16-ти минатиот месец беше ставен на рестрикција од страна на „Твитер“ откако, наводно, ненамерно, при логирање бил внесен погрешен код за верификација.

Како што соопшти тогаш Министерството за здравство, оваа активност за социјалниот медиум беше причина да го ограничи профилот, но се работи на надминување на проблемот.

Се до вчера, корисниците сѐ уште можеа да „влезат“ на профилот, но само откако ќе го прочитаат предупредувањето објавено од социјалната мрежа, но од денеска министерот Гилипче е „скроз бутнат“ од социјалната мрежа.