– За жал, на најголемите партии кои од буџетот си доделуваат најмногу средства, со кои можат сериозно да влијаат на граѓаните на изборите, оние кои трошат по 4.5 милиони евра за сопствени потреби, кои оваа година ќе потрошат 3.5 милиони евра за финансирање на нивните кампањи, кои трошат по 270 илјади евра за аналитички центри, сето тоа не им беше доволно, па мораа кампањата да ја водат пред време и со прекршување на Изборниот закон, велат од Твоја партија.

Тие посочуваат дека за време на предизборниот период во активна кампања беа владини министри, вршители ја јавни функции, опозициони кандидати, независни кандидати, организирајќи средби со граѓани и вршејќи промоција на кандидати, што е спротивно на Изборниот закон и Роковникот на ДИК, за што впрочем законски следуваат и казни.

– Ние веднаш ги сублимиравме сите прекршувања и веќе поднесовме соодветна пријава, велат од партијата.