На 03.02.2024 во 09.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.К.(34) од с.Желино, тетовско, поради сомнение дека на 02.02.2024 во Тетово следел малолетничка од тетовско село и ја уценувал да биде со него за да не објави нејзини фотографии со експлицитна содржина, информира МВР.

Според пријавеното, тој ѝ го одзел мобилниот телефон.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.