Утрово во 04:00 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, при извршена контрола било констатирано дека А.М.(22) од Албанија се наоѓа во евиденцијата со мерка „апси“, по барање на Интерпол Германија, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР велат дека лицето е лишено од слобода и предадено во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.