При обид за бегство, попладнево е уапсен Раде Трајковски – Штекли.

Според неофицијални информации, тој бил уапсен во близина на хотел во Гевгелија, а  се сомничи за трговија на дрога.

Раде Штекли предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства. МВР и Бирото за јавна безбедност се во потрага и апсење на целата негова група.

Раде Штекли е познат по пресметките со нарко картелите и беше предмет на повеќе обиди за убиство.

Оваа акција на МВР уследува по сузбивањето на арачиновската група Беланоца.

Дознаваме и дека е одземен телефон од висок полициски службеник кој се сомничи за оддавање информации со клановите Барон, Беланоца, Грчец и Штекли.