На 12.06.2022 во 19.30 часот, во присуство на родител, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар лишиле од слобода малолетник од гостиварски Добридол, поради сомнение дека во изминатите два месеци извршил четири кражби во селата Градец, Сенокосе и Добридол.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе му биде изготвен поднесок.